Мижи Маро тулумби ќе врнат-претстава од ТодорОФ

Од:

Ни претстои период на ренесансен развој на македонското здравство, каде што ќе имаме болници кои како да се директно од 22 век, со сите можни врвни технологии внатре во нив, смештај кој ќе наликува како да си во хотел со пет ѕвезди, каде што персоналот е со врвни вештини и беспрекорни познавања , со базени , сауни и што уште не и како капак на се после лекување во тамошните болници пациентите ќе бидат испраќани во врвни климатско бански комплекси чии капацитети ќе бидат максимално искористени. Од каде знеме може и казина ќе сместат внатре па и ако на некој му се посреќи ем излекуван, ем со пари ќе може да си замине дома….Е вака личат новите превидвања од актуелната власт и оние кои седат во удобните фотељи и раководат со државата и со здравството.

Прво би сакал само да прашам дали воопшто некој ова што го објави забележа дека целото излагање беше монолог од страна на министерот и имаше и прашања што беа договорени да бидат дополнети од страна на “непристрасните ““невладините” медиуми ?

Компарацијата од страна на министерот не е реална воопшто поради мал милион причини . Се продава научна фантастика на народов дека ќе бидеме на ранг на Дубаи , Јужна Кореа, Турција. Па добро дали е тоа можно прво да биде кажано јавно, а второ да се пробува пак тоа веќе видено перење на мозок на сите , ја навредува веќе и интелегенцијата на народот, па не сме овци, Боже мој!

Во Хрватска постои здружение за развој на медицинскиот туризам , а самиот министер за здравство има советник за развој на медицинскиот туризам , ние што имаме? Или министерот ни е СЕ.

Дубаи како за споредба е меѓу првите пет растечки економии во светот, како метропола која ГДП е на прво место пред градови како Хефеи , Ванкувер ,Калгари ,Перт итн. Минатата година имаат посета од 120 000 пациенти кои оствариле 200 милиони долари на велнес , естетски операции и други хируршки и здраствени услуги.

Јужна Кореа , местоположбата за развој на медицински туризам е погодна поради близината со Кина и тие всушност најголем број на пациенти кои ги користат тамошните медицински услуги се Кинезите , 300. 000 пациенти минатата година , 30 проценти повеќе пациенти имаат од претходната година , кај нив естетската хирургија е близу самиот светски врв. Јужна Кореа сигурно и стабилно станува Ерусалим за медицински туризам во Азија.

Турција држава со 80 милиони жители и со болници од светски ранг, кои наликуваат на спејс шатл, опремени , направени по врвни стандарди , со услуга беспрекорна а пред се со најевтини услуги , поради тоа и привлекуваат пациенти од целиот свет, потпомогнати од страна на државата која ги намали патните трошоци и направи услуга од самиот аеродром до болницата . Како за компарација пресадување на коса чини 2000 евра за разлика од Европа каде тоа е над 10.000 евра, офталмолошките операции се исто така со многу ниски цени , за корекција на видот за двете очи цената е 600 евра. Значи станува збор за држави со кои ние не можеме ни да сонуваме да се компарираме . Свесни сме дека дури и државите соседи се далеку пред нас во сите погледи и домени. Од аспект на медицинско финанскиска исплатливост па се до лични примања , медицински услуги и персонал и што уште не.

Што да се каже освен дека ова сето наликува пак повторно на една популистичка мисија која мислам дека заслужува да биде искоментирана се со цел да се докаже дека ние лекарите не учевме со децении и не ги вложивме нашите животи за да некој може да манипулира како со топовско месо и притоа да мисли дека навистина ние сме само пиони во целокупното случување во здравството . Прашањата се следни ? За кого ќе бидат корисни овие медицински зони ? За народот кој сеуште чека во нашите болници по три ,четири месеци за дијагностички и операциони методи или за инвеститорите кои би дошле тука под олеснителни и привилегирани услови ? Која врвна технологија кога постојано се фалите дека сте донеле се од најврвната медицинска технологија ,функционира ли ја има ли? Кој може да си плати за лекувањето таму? Кога нашиот народ преживува со 40 денари на ден. Дали нашите млади лекари некогаш ќе можат да работат таму ? Или прво ќе не снимате ко заморчиња во реалити шоу па ако сме добри ќе не ангажирате ? Дали нема некаква позадина со тие олеснувања за „инвеститорите” да дојдат брендови кои ќе се анонимуси и ќе се продолжена рака за перење на пари од типот на фијаската со Субрата Рој и ред други заинтересирани „инвеститори”?

Банско климатско лекување , физикална терапија, рехабилитација и ред други нешта што ги кажуваат се само еден интересен момент ЗАВЕСА за носење на ОНОЈ црн капитал тука во Македонија каде подоцна ќе прераснат во спа центри со казина и елитни услуги ? Зошто не се стимулира развој на веќе постоечките капацитети , бањи , што ние ги имаме а и државата можат да субвенционира изградба на истите и дури и нови комплекси, Македонија ни изобилува со термални извори со климатски погодности но проектниот ваш развоен медицински менаџер функционира во друг правец.

Затоа сакам да кажам претставата ви е со извонредно сценарио но кореографијата ви е погрешна со лош вкус и проѕирна . Оваа претстава може да заврши само со мижење и со затнати уши во друг случај ке ви биде исвиркана и мавана со разни отпадци.

Како и многуте досега.

Д-р. Ангелчо Андоновски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска