Митрополитот Петар одржа божикна литургија во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“

Од:

Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски Петар утрово во Соборниот Храм „Свeти великомаченик Димитриј“ во Битола, по повод големиот празник Рожденството Христово – Божик, одржа Божествена Василијева литургија.

Православните верници, претставници на јавниот живот во државата и градот, меѓу кои и градоначалникот Владимир Талески и заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, митрополитот Петар ги поздрави со радосниот и торжествен поздрав – Христос се роди!

Според востановената традиција, на првиот Божикен ден, митрополитот на преспанско-пелагониската епархија Петар ги посети штитениците во ЈУ „Дом за доенчиња и мали деца“ во Битола на кои им го честита празникот и новата православна година.

– Господ се грижи за овие деца што ги напуштиле родителите и ќе најде други родители што ќе им овозможат поголема родителска љубов. Христос се родил и за нив, и затоа кога денес ги посетуваме овие дечиња се сеќаваме на Христовото раѓање и заедно со нив ја споделуваме заедничката радост, истакна митрополитот Петар.

На денешната средба со новинарите Петар посочи дека православна вера проповеда дека треба да се исполни Божјата заповед – раѓајте се, множете се, наполнете ја Земјата и вледејте со неа!
– Статистички е докажно дека раѓањето на децата е поприсутно кај посиромашните семејства споредено со побогатите бидејќи кај богатите семејства е нагласен егоизмот. Тоа во голема мера е заради кариери и комодитет во животот и затоа тие не раѓаат. Оние што имаат можност да родат деца, треба да родат без да се спречуваат раѓањата, истакна митрополитот преспанско-пелагониски Петар.

Празнувањето на Исусовото раѓање во кругот на секое православно семејство и во храмовите на преспанско-пелагониската епархија продолжува и во наредните денови, а утре и задутре Света Златоустова литургија митрополитот Петар ќе одржи во Храмот „Благовештение“, како и во Храмот „Св.Кирил и Методиј“ во Прилеп.

Би можело да ве интересира

Силувано е 12 годишно девојче во Битола – ОЈО води истрага за 36 годишник

А1он

Безживотно тело на битолчанец извлечено од реката Драгор

Поплавени улици во Битола по обилниот дожд во градот

Обвинителството започна истрага за грозоморното убиство во Битола

Убиство во битолската населба Баир, жртвата е млада жена

Катерина Ѓуровски

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот