Митревски: Решението на Врховен суд е донесено врз основа на нелегитимни документи

Од:

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Живко Митревски тврди дека решението на Врховниот суд е донесена врз основа на нелегитимни документи и фалсификувани печати.

На прес-конференција Митревски рече дека со употреба на фалсификувани печати некој претставувајќи се лажно како ополномошен претставник на ССМ доставил жалба до Врховниот суд со која се бара бришење од Централниот регистар на претседателот на ССМ.

– Со ова се направени дополнителни кривични дела за кои сторителите дополнително се пријавени со проширување на кривичните пријави и со поднесување на мерки за обезбедување и притвор поради повеќекратното повторување на кривичните дела, истакна Митрески на попладневната прес-конференција.

Тој напомена дека веднаш по добиените сознанија до Основното јавно обвинителство, Републичкиот судски совет и до Врховниот суд презеле повеќе правни дејствија со цел да се утврдат фактите.

– Бараме, како впрочем што бараат и сите во оваа држава, да се утврди ваквата вистина, да се утврди легитимитетот и доколку се утврдат кривичните дела, сторителите да бидат казнети, како и соучениците, вклучително и самонаречените овластени претставници и застапници на ССМ, за кои никогаш ниту добиле полномошно да водат постапки, ниту пак тие документи се со оргинални печати, рече Митрески.

Недоразбирањата во ССМ околу изборот на претседател почнаа минатата година кога дел од синдикатите соопштија дека на седница на Советот бил отповикан Митревски. Од друга страна, Митревски тврди дека има поддршка од 13 гранкови синдикати.

Би можело да ве интересира

Синдикалната минимална кошница за март 58 998 денари, само за еден месец се зголеми за 1522 денари

Орце Костов

ССМ бара повторување на постапката за конфискацијата на Работничкиот дом, најавува и протести

ССМ поднесе барање до Судскиот совет за разрешување на тројцата врховни судии кои донесоа одлука за одземање на работничкиот дом

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Трендафилов: Со „плата во плико“ работниците стануваат модерни робови