Митрески: СДСМ е за воведување фингерпринт, ВМРО-ДПМНЕ да не бара алиби за поразот на локалните избори

Од:

СДСМ е за фингерпринт на локалните избори и не е против како што лаже ВМРО-ДПМНЕ, но секогаш кога станува збор за измени на Изборниот законик тогаш мора да обезбедиме консензус и сите политички чинители треба да се согласат за измени во Изборниот Законик, изјави координаторот на пратеничката група на СДСМ во Собранието, Јован Митрески.

„Оние дилеми кои што се јавуваат кај другите политички чинители се поврзани со тоа што може или треба да се направат измени во Законот за да се префрлат базите на податоци од МВР и се поставува дилемата што ако во случај во текот на денот на гласање се случи некаков дефект, паѓање на мрежа и слично, дали треба да биде прекинато гласањето или треба да има и други опции, како би гласале граѓаните. СДСМ и коалицијата што ја предводи во Собранието се за воведување фингерпринт, но од друга гледна точка, лагите на ВМРО-ДПМНЕ мислам дека се само барање алиби за изборниот пораз којшто ќе се случи на локалните избори и мислам дека е уште рано да зборуваат за тоа односно да не плачат уште сега за тоа што ќе се случи“ посочи Митрески.

Би можело да ве интересира

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ