Митрески: Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволиме никогаш да се повтори

Од:

Пет години после 27 април сите ние имаме обврска пред граѓаните на оваа земја, пред сите оние кои го преживеаа тој крвав ден и пред идните генерации да не дозволиме никогаш повеќе да се повтори. А нема да се повтори само ако сите политички субјекти во земјава, не само декларативно, туку суштински, се обединат зад демократските и слободарски вредности рече на прес конференција координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески.

– 27 април 2017 е еден од најцрните датуми во историјата на македонската демократија и македонското општество. За да спречат промена на власта и почитување на изборната волја на граѓаните, вооружени насилници поттикнати и злоупотребени од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието во обид да убијат пратеници, да повредат новинари и вработени во собраниските служби. Заради лични и партиски интереси на тогашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ за спас од криминалот и за спас на режимот, државата на тој 27 април беше доведена на работ на амбисот, пред граѓанска војна. Крвавиот четврток е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ, а во оваа партија ниту по пет години нема никаква промена. Ниту еднаш за овие пет години не видовме никакво извинување, никакво каење од Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, лицата кои се осудени за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски иако не се тие ги нарекуваат уставобранители, правејќи лажен обид да ја исперат нечистата совест пред нив и нивните семејства вели Митрески.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он