Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод

Од:

Коалицијата „За подoбра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ вечерва одржа предизборен митинг во Македонски Брод.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ Милосим Војнески истакна дека негови приоритети ќе бидат доизградба на патот Македонски Брод до Скопје, реконструкција и градба на нови локални патишта, како и водоснабдителни системи за неколку села во општината.

– Планираме изработка на урбанистички план за реализација на проектот „Купи куќа за млади“ во кој ќе бидат вклопени 100 локации. Изградба на пешачка патека на езерото Козјак, решавање на проблемот со јавните санитарни јазли, континуирано чистење на речните корита, уличните сливници и одводни канали. Туризмот е една од најперспективните области на нашата општина, ќе биде и понатаму во центарот на нашите интереси, рече Војнески.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски им порача на присутните на митингот дека од нивниот глас зависи иднинатата на Македонски Брод и на Македонија, на која, потенцираше, и треба нова ера и нови победи.

– Сите заедно да ја создадеме приказната за Македонија. Да ја развиеме и да ја модернизираме, да реализираме проекти од ваш и интерес на Македонија, рече Груевски.

Искрено верувам, додаде, дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата држава, за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до најсоодветните услуги што ги очекува и какви што заслужува.

Според него, додека биле на власт ВМРО-ДПМНЕ реализирале многу проекти за Македонски Брод. – На почетокот на 2006 во општината Македонски Брод имаше околу 1.000 вработени лица, а на крајот на 2016 бројката се искачи на 1.660 или зголемување на 66 проценти, рече Груевски, наведувајќи дека се изградени патишта во должина од 25 километри, се инвестирало во пробивање, тампонирање и асфалтирање на улици, а биле изградени и мостови, тениско игралиште, спортски сали.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

Маж од Македонски Брод e приведен поради пожарот во Брезница