Митинг на Беса во Боговиње под мото „За еден нов живот“

Од:

Движењето Беса вечерва одржа средба со жителите на општината Боговиње под мотото „За еден нов живот“. Според кандидатот за градоначалник во оваа општина во тетовско од Беса, Минур Асани, жителите на општината имаа историска шанса да ги сменат работите на подобро.

– На изборите на 15 октомври гласајте за живот, за вашите деца, за подобри институции бидејќи во изминатите 15 години од страна на претходните власти беа приватизирани институциите. Ако годишно општинскиот буџет имал три милиони евра за 15 години тоа изнесува 45 милиони евра, а од нив ништо нема во инвестиции за жителите.

Тој повика на овие избори да се гласа за оние што ќе се борат за иднината на сите граѓани, против криминалците и политизирањето на институциите и ќе се жртвуваат за општината и за народот.

– Мене не ми требаат пари и јас не сакам да живеам ниту еден ден ако не зборувам и се борам за моите граѓани, зборувајте искрено и со другите ваши блиски, роднини и пријатели дека Беса е движење формирано од група луѓе кои не се заинтересирани за лични придобивки туку имаа визија за национален развој во интерс на Албанците, рече Асани.

Ностителот на кандидатската советничка листа од Беса за општина Боговиње Флорим Ракипи ја побара довербата за како што рече со мојата екипа да ставиме крај на дискриминацијата и зулумите од ДУИ во изминатите 15 години во општината.

Пред присутните на централниот собир на Беса за општина Боговиње зборуваа и претседателката на организацијата на жените од Беса Њомза Имери Исмаили, членот на централното партиско претседателство Скендер Реџепи Зејун и пратеникот во Собранието од Беса Неџбедин Карамани.

Би можело да ве интересира

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Илиевски: Во Брвеница во четиригодишниот мандат ставивме акцент на младите, реконструиравме училишта, градевме спортски сали, игралишта

Висар Адеми-независен кандидат во изборната трка за Гостивар

Предраг Петровиќ

Претстојните локални избори се загубени за опозицијата и таа ќе мора да се реструктуира, вели Мицкоски

Јасен е победеникот на овие локални избори, а тоа е владиното мнозинство, вели Мицкоски

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК