Митева: СДС и ДУИ го донеле буџетот во опасност од Арбитражни побарувања од 1.3 милијарди евра

Од:

Седум години СДС и ДУИ го гледале само личниот и партиски интерес, наместо државниот. Покрај тоа што ја ограбиле државата, СДС и ДУИ нанеле трајни штети врз иднината на државата и поставиле Дамоклов меч над буџетската каса тежок 1.3 милијарди евра вели пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Извештајот на ДЗР нотира и се повикува на Координативното тело за следење на арбитражните постапки кои произлегуваат од склучените односно ратификуваните меѓународни договори на Република Македонија, кое изработило анализа и утврдило дека доколку државата ги изгуби споровите, вкупен износ на средства што потенцијално би требало да се платат се во износ од 82.267.500 илјади денари или 945 милиони евра и 420 милиони долари, што ќе има импликации врз Буџетот во наредните години. Ревизијата нотира на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност. Иако ревизијата е направена 2023 година, власта на СДС и ДУИ тоа не го направиле, иако имале можност за тоа. Истото не е направено затоа што тие се причинител на проблемот, рече Митева.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жерновски: Кривични пријави против СДСМ за ширење паника кај Мицкоски

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Од Мицкоски до Славески – сите инволвирани во Алта банка мора да одговараат!