Митева: Пратениците на СДСМ да се потпишат на барањето Законот за бранителите да се стави на дневен ред

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повика пратениците од СДСМ кои се членови на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, да се потпишат на барањето до претседателката на Комисијата, Илире Даути од Европскиот фронт, да го стави Законот за бранителите на дневен ред.

– Ова барање е јавно предложено до пратеничката Славјанка и очекуваме одговор дали пратениците на СДСМ ќе се потпишат на истото и дали доколку претседателката на Комисијата Илире Даути не свика седница, ќе поднесат барање за нејзино разрешување или интерпелација. Заземавме став како пратеничка група да почекаме одговор до 15:30 часот денес, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на прес-конференција во законодавниот дом.

Ја повика пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска јавно да го соопшти ставот на партијата по однос на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства по скратена постапка, кој претходно беше поднесен од страна на Петровска.

– Во спротивно, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поднесат ова барање без поддршка и потписи од пратениците на СДСМ, со што практично ќе се види нивната вистинска намера за политизирање, рече Митева.

Предлог законот за бранители предизвика бројни реакции, како во македонскиот, така и во албанскиот политички блок. Законот е во собраниска процедура, но е заглавен во Комисијата за социјална политика, демографија и млади бидејќи претседателката на Комисијата Илире Даути од редовите на Европскиот фронт предводен од ДУИ, не закажува седница.

Од политичката партија „Левица“ најавија дека ќе поднесат кривична пријава против претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи иако имал можност да ја свика седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, демографија и млади на која треба да се разгледа Предлог-законот за бранители, тоа не го сторил.

Претседателот на Собранието Африм Гаши, пак, тврди дека не го прекршува Деловникот за работа и дека ингеренциите се кај претседателката на собраниската Комисија.

Премиерот Христијан Мицкоски минатата недела во изјава за медиумите ја повика претседателката на собраниската Комисија за социјална политика, демографија и млади да го стави на дневен ред Предлог-законот за бранители, додавајќи дека со „Вреди“ не разговарале за законот.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче и СДС од ништо се обидуваат да направат скандал со Алта банка

Бројките се немилосрдни и ги демантираат СДС, ДЗС вчера објави дека реалната нето-плата во септември пораснала за над 5%

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС молчеа во 2023 година за Алта банка, глумеа итност, но по 10 дена ја свикаа првата надзорна седница

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна расправа за Алта банка и продолжуваат да лажат дека банката имала забрана за работа во ЕУ

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он