Митева: Нераскинлива братска врска, еден милион од Груби на Груби за туристички услуги

Од:

Во осум наврати институциите на државата односно Владата, министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, но и министерството за економија се јавуваат како даватели на услуга кон фирмата во сопственост на братот на Артан Груби, ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје, од 2020-тата до 2022 година. Вкупната вредност која фирмата на братот на Артан Груби, ја добила од државата е над еден милион денари, изјави портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„Ова е вистината која Артан Груби сакаше со лаги и невистини да ја сокрие од јавноста. Артан Груби и тоа како има врска со неговиот брат, а воедно и со неговиот бизнис затоа што Артан директно, од позиција на министер му исплаќа услуги на фирмата на неговиот брат.

Скандалозно, нечесно и несериозно е Груби да ја лаже и манипулира јавноста дека нема никаква врска со неговиот брат и неговите бизниси, а притоа државните институции со кој тој директно раководи да му исплаќаат средства. Патем на фирмата ЕТЦ Травел ДООЕЛ Скопје чиј сопственик е братот на Артан Груби. Оваа фирма е фирма која четири години во период од 2016-тата до 2020-тата година има минусно салдо односно работи во загуба па можеби со овие трансакции се надоместувала загубата“ рече Митева.

Според неа, очигледно е дека братската врска во семејството Груби е нераскинлива, од деловен простор за 700 евра по м2 во центарот на Скопје до префрлање на буџетски пари за услуги или, како што вели таа, дојдоа времиња кога парите се цел на многумина па „Брат за брат, сирење за пари“ е најточната дефиниција.

Ова е уште еден доказ за политичка корупција која мора да биде најстрого казнета, порача Митева.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување

Катерина Ѓуровски

Обвинение за Артан Груби, Перпарим Бајрами и шестмина други за злоупотреби во „Државна лотарија”

Горан Наумовски

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: Дали Артан Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата