Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Од:

Во Министерството за образование и наука се е сведено на импровизации што скапо се плаќаат. Јавноста добро е запознаена дека наместо нови учебници, се изготвија привремени материјали за учење и верувале или не истите тие привремени материјали чинат 32.581.158 денари или 530.000€. Овие експерименти во МОН се со следниов тек рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Министерството за образование и наука објавува конкурс преку педагошка служба. Согласно концепцијата за дигитализација, за прво и четврто одделение беа предвидени дигитални учебници кои не успеаја да ги дигитализираат, па ги повлекоа. Согласно податоците со кои располагаме ги повикале истите автори годинава, кои се јавиле на конкурс и истите тие книги, што требаше да бидат дигитални, ги поделиле во делови и така ги направиле привремените материјали за учење за прво и четврто одделение. За второ и петто одделение ги повикале истите автори, тука додале неколку нови и тие по наставните програми подготвувале учебници. Од овие учебници кои пак најверојатно уште се преведуваат и не се финални, сепак од нив биле искористени делови за да се подготват привремените материјали за да имаат барем нешто спремно за први септември рече Митева.

Таа вели дека ова буквално значи дека децата ќе учат од материјали, кои власта успеала да ги скрпи пред самиот почеток на учебната година, затоа што со години ништо не превземаат.

– Додека наставниците, учениците и родителите се обидуваат да се справат со тоталниот колапс, експериментите што се целосна алтернатива на учебникот чинат илјадници евра. Тука се поставуваат три сосема логични прашања за кои Министерството за образование и наука е должно да одговори. Прво, кој ги одобрил овие материјали да бидат составен дел од образовниот процес на ученикот и второ, кој и зошто ја определил оваа енормно висока цена за привремени материјали за учење од кои дел се збир од учебен материјал од минатата година? И трето и најважно, кој профитира од дупло печатење кога можеле да се испечатат учебници наместо привремени материјали? Дали два пати се плаќа за иста работа и дали за ова некој зема голема провизија рече Митева.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски