Митева: МОН платило пола милион евра за скрипти за еднократна употреба

Од:

МОН наместо да обезбеди учебници за учениците согласно законските обврски, спроведува договор за подготовка, печатење и дистрибуција на материјали за еднократна употреба во основното образование во вредност од половина милион евра рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Почитувани граѓани, овие материјали, се со важност од само 3 месеци, внимавајте, за првото тромесечие од учебната година, и тоа само за прво, второ, четврто и петто одделение половина милион евра. Во бројка, тоа се скрипти за само 80.000 ученици. Да биде состојбата уште по сомнителна, говори и фактот што овие т.н. скрипти се збир од материјали, кои власта ги сублимирала од минатогодишните учебници и дел од новите. Имено, станува збор за само една скрипта- учебник, внимавајте, само една скрипта од стотина страни во кои се содржани сите наставни предмети. Дополнително, содржината на оваа скрипта е збир од веќе постоечките, минатогодишни учебници и само поделена во делови за да се направат материјали за учење рече Митева.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ