Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Од:

Димитар Ковачевски си даде оставка, ова е почеток на крајот на СДС и ДУИ! Ковачевски е премиерот кој донесе само понижувања, криминал и корупција. Ковачевски е премиерот кој најмногу ја оддалечи Македонија од ЕУ, го забрза иселувањето и ја зголеми сиромаштијата вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

Заради Ковачевски, Македонија оваа година го доби најнегативниот Извештај од ЕК. А пораките од европските претставници за неподносливата корупција во Македонија не запираат да доаѓаат. Во изминатава година со Ковачевски како премиер се случија најголемите скандали и понижувања на македонскиот народ и Македонија. Во време на Ковачевски безредието и криминалот по улиците ескалираа, се случија најкрвавите пресметки и убиства во центарот на Скопје, а одговорност за сторителите се уште нема, оваа влада ќе остане запаметена како неспособна да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Еден километар автопат не се изгради, а Ковачевски заедно со Груби ќе остане запаметен како човекот кој го потпиша договорот за изградба на Коридорите 8 и 10Д, за кои патем се префрлија стотици милиони евра на компанијата изведувач, а работа на терен веќе половина година воопшто нема, рече Митева.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата