(ВИДЕО) Мисовски: Џафери е избран легално, согласно Уставот и Деловникот

Од:

Можам да кажам дека претседателот е избран легално и тука нема сомнежи. Ова го кажав во обвинителството, го кажувам и пред вас. Тој е избран согласно Устав и Деловник. Ова што денеска се случува, што бев на распит, односно пријавата на ова здружение е мотивирано од една политичка партија“ рече Горан Мисовски по излегувањето од обвинителството за организиран криминал,каде беше повикан да даде исказ за настаните на 27 април.

Тој нагласи дека се надева оти обвинителството ќе донесе правилна одлука, односно ќе заклучи дека нема место за кривично дело.

Рече дека обвинителството не барало документи за тоа на кој начин е избран Талат Џафери за Претседател на Собранието. И додаде дека има соодветна документација во архивите која ќе потврди дека изборот на Џафери е легитимен.

Мисовски додаде дека покрај него на распит бил и пратеникот Ферид Мухиќ.

ОЈО работи на кривична пријава против пратениците Ферид Мухиќ, Горан Мисовски, Џафери, Заев, Ахмети и уште 62-ца други пратеници за нелегален избор на претседател на Собранието на 27 април.

Пријавата ја поднесе Здружението на граѓани за почитување на прописисте од Битола. Пријавата е поднесена поради основано осмнение дека пратениците извршиле неколку кривични дела од Кривичниот законик.

Претходно на распит беше и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а повикани се и други пратеници.

Би можело да ве интересира

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ