„Мисла на денот“ наместо предлози на граѓаните нa страницата на паркот Галичица

Од:

Aктивистите на граѓанската иницијатива Охрид ЅОЅ, во отворено писмо до Јавната установа национален парк Галичица, соопштуваат дека граѓаните не можат да достават свои предлози за спас на ова природно богатство, бидејќи не функционира официјалната интернет страница на националниот парк и тоа делот „Документи“, т.е. „Documents“ (EN верзија на страницата).

12562434_10208588390802444_1775849508_o

„Охрид ЅОЅ упорно и континуирано ги повикува граѓаните да ги користат механизмите за вклучување во процесот на донесување одлуки што е императив во едно нормално демократско општество. На наше огромно задоволство таквите примери се сѐ почести. Токму затоа и граѓаните ја забележаа оваа неправилност на страницата, која, мора да признаеме, изгледа многу симптоматично ако се земе предвид дека на 11 февруари 2016 г. истекува рокот за доставување на коментарите токму по оние документи кои во моментов на јавноста ѝ се недостапни. По организирање на јавна расправа за време на празници ова е повторно прекршување на Архуската конвенција која гарантира навремено и делотворно вклучување на јавноста. Изгледа ваквото однесување ѝ преоѓа во навика на вашата институција.

Нагласуваме дека не е првпат институциите да отстрануваат документи од своите официјални страници и да прават сомнителни интервенции во текстот во период кога има рок за јавноста да ги достави своите забелешки. И претходно се случувало документите да се отстрануваат од страниците или тие делови од страниците да се „нефункционални“. Таков беше случајот и со отстранувањето на Нацрт-извештајот за СОВЖС по Предлог-генералниот урбанистички план за Охрид 2014-2024. Непосредно пред закажаната расправа не функционираше страницата на Општина Охрид, а кога повторно се врати во функција имаше огромна промена во текстот. Имено, само неколку денови пред расправата во текстот се појави УБ 17.1 Студенчишко Блато, на чиешто место претходно во истиот документ стоеше УЗ 16 Рача. Ненајавената и несоодветна промена, случајно или намерно, ја наведе јавноста во погрешна насока и ја остави недоволно спремна со аргументи за самата расправа.

Бараме одговор од надлежните во Паркот. Зошто токму сега не функционира страницата и како е можно да не функционира исклучиво делот со документите баш во период кога тече рокот за доставување коментари? Потсетуваме дека Охрид ЅОЅ располага со сите документи кои беа поставени на вашата страница и откако ќе го санирате проблемот ќе биде направена детална споредба на текстот од верзиите кои ги имаме ние и новите верзии што ќе се појават.

Во прилог принтскрин од страницата што се појавува кога ќе кликнете на секцијата „Документи/Documents“. Иронијата со „Мислата на денот“ нема ни да ја коментираме.“ стои во писмото од активистите на Охрид ЅОЅ.

Би можело да ве интересира

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Охриѓанец палел оган на Галичица – рекол дека е бездомник и сакал да се стопли

A1on

Пожарот на Галичица е под контрола, на терен се 100 пожарникари

Катерина Ѓуровски

Пожарот на Галичица е активен, на социјалните мрежи повик за вклучување на граѓаните во гаснењето

Оган и експлозии на Галичица, исцрпени доброволци со денови се борат со огнот

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Со полициски хеликоптер пренесено повредено лице од Галичица до Охрид

Предраг Петровиќ