Мисајловски: За да направиме историска победа за Македонија, ни треба поддршка од целиот македонски народ

Од:

Од тука сакаме да ги повикаме сите граѓани, не само од Ѓорче Петров, туку од целата ИЕ 2 да ни се приклучат.
Да ни се приклучат во оваа наша кампања, бидејќи ќе ја тераме секој ден една позитивна слика за Македонија ќе понудиме за граѓаните многу проекти и ќе понудиме подобар стандард за сите рече носителот на Изборната единица 2 на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

– Јас како носител во ИЕ 2 од секогаш кажувам дека на народот му треба надеж, му требаат промени, но му треба и позитива да види дека сме различни. Доста беа црнила, доста беа црни сценарија во последниве седум години. Видовме дека овие што се на власт ниту работат, ниту мислат добро за МакедонијаЗатоа ние во нашата програма предвидуваме многу проекти.
Предвидуваме зголемени пензии уште во првата година за сите пензионери линеарно, но исто така повисоки плати, подобра здравствен систем, подобро образование, се разбира сите дечиња да имаат учебник и се она што секој еден граѓанин го засега. Но, за да направиме историска победа ни треба поддршка од целиот македонски народ, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела