Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Од:

Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Гордана Силјановска Давкова, а на 8 мај убедливо низ цела Македонија победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител во изборната единица 2.

„Денеска сме повторно тука во Шуто Оризари со моите драги пријатели, морам да ги пофалам за овој прекрасен настан мојот пријател Неџат, Нијазим, од нашата коалиција Твоја Македонија каде што навистина еден убав настан со еден прекрасен народ, каде што иако времето врне многу народ се собра за да разговараме за политиките на ВМРО-ДПМНЕ, да разговараме за она што е во нашата програма и да се видиме со секој еден пријател тука во Шуто Оризари.

Драго ми е што заедно со огранокот на ВМРО-ДПМНЕ тука со Ерџан кој што е на листата на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ можевме да разговараме за сите прашања, да видиме што се маките на сите овие пријатели тука во Шуто Оризари бидејќи 7 години се заборавени од власта.

Ние сакаме сите да порачаме, сложно, бидејќи оваа коалиција е најдобрата и најмасовната коалиција во Македонија, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, дека заеднички и сплотено ќе направиме многу не само за Шуто Оризари туку насекаде низ Македонија. Сплотени порачуваме дека на 24 април победува Гордана Силјановска Давкова а на 8 мај убедливо и во Шуто Оризари и во цела Македонија победува ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата“, рече Мисајловски.

Би можело да ве интересира

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

Захарова ги предупредува Русите во странство: Не наседнувајте на провокации

Вучиќ: Изборите ќе се одржат на 18 или 25 октомври

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски