Мирјана Лазарова Трајковска избарана за претседател на секција на ЕСЧП

Од:

Европскиот суд за човекови права ја избра Мирјана Лазарова Трајковска за претседател на една од петте секции на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јави дописникот на МИА.

Мирјана Лазарова Трајковска е судија во ЕСЧП од 1 февруари 2008 година, како судија предложена од Република Македонија.

Изборот на Лазараова Трајковска на оваа функција е признание не само за земјата која ја претставува, туку и за нејзината долгогодишна работа во рамките на судот, но и како експерт во Советот на Европа со самото членство на Република Македонија во 1995 година.

Лазарова Трајковска, родена на 5 ноември 1963 година во Струмица, претходно беше член на Венецијанската комисија, поранешен судија во Уставниот суд на Република Македонија, а беше и претседател на Државната изборна комисија во 2002-2003 година.

Би можело да ве интересира

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он

Изборот за судија во Стразбур под лупа: Комисијата нема да коментира поединечни ставови

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Комесарите на ЕУ губат време на полначи по пат кон Стразбур

Македонија загуби случај во Стразбур: Командир истепал затвореник во Идризово, институциите не презеле ништо

Катерина Ѓуровски