Еден млад калуѓер, за време на православна литургија слушнал како свештените лица му оддаваат почит на Св. Григoриј Двoeслoв, папа Римски. Веднаш ја напуштил литургијата и со огромен гнев кажал дека е недопустливо да се величаат папи за време на православна литургија.
„Не е наш“ – рекол калуѓерот. Заборавил на трпението и се погордеал со (не)знаењето. Тогаш, искусните свештени лица му укажале дека токму овај светец има големи заслуги за православната црква. Токму тој ја сoставил и службата на “Прeдoсвeтeни дарoви”, штo сe служи вo срeда и пeтoк вo Чeсниoт пoст.
Го читав старец Пасиј за време на летниот одмор. Кога се вратив прочитав многу “избрзани” ставови налик на тие на младиот калуѓер…
Оваа зима ќе е зима на граѓаните на оваа земја. Мириса на зима? Да, но мириса и на слобода. Оваа држава ќе биде на граѓаните, не на фамилијата. Оваа зима нема да има „наши“ и „ваши“.
Сакале да признаеме ли не, најголемата опозициска партија покажа досега најголем граѓански капацитет.
„Курирците“, пак, истото. За некои нема еволуција…. Од декември ќе треба да славиме независност… Мириса на слобода, а не на трпеза полна функции. Тие вкусови не се мешаат. Залудно се трудите да направите раздор. Ви велам, на слобода мириса…
Таа, пак, можеби има јаболка со гасеници. Да, ама не се со пестциди. Мириса на слобода? Да, сепак сетилата не атрофираат за десет години. Мириса на слобода! Да, помирисајте! Мириса на слобода? Да, мириса!
Дејан Блажески