Мирен протест на земјоделците од Пелагонија

Од:

Земјоделци од Пелагонија одржаа мирен протест на влезната крстосница во Битола и порачаа македонските партии да ја отфрлат платформата на албанските партии.

Според Васко Јосифовски земјоделец од општина Могила, блокадите со трактори ќе продолжат и ќе се одвиваат се додека не биде повлечена албанската платформа.

– Изразуваме поддршка на македонските патриоти кои застанаа во одбрана на татковината од албанската платформа и како земјоделци сметаме дека треба да дадеме придонес за унитарноста на Македонија. Доколку има потреба ние секојдневно ќе ги блокираме патиштата, рече Васко Јосифовски земјоделец од селото Трновци.

На мирниот протест учествуваа земјоделци од села кои гравитираат кон општините Могила и Битола.

Би можело да ве интересира

Филипче: Новиот министер за земјоделство да каже дали има бугарски пасош и резервна татковина

ЗНАМ со владината реконструкција го добива Министерството за земјоделство, ќе го раководи Борче Серафимовски

СДСМ: Кратењето 40 милиони евра субвенции за земјоделците Трипуновски го претставува како „реформа“

Од локално до европско – Лидл отвора нови можности за македонското земјоделство

A1on

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Девет лица отишле да ја ограбат „Пелагонија“, натовариле три возила – фатени се на дело