А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МИОА: ВМРО-ДПМНЕ објави документи кои го потврдуваат тоа што Владата и МИОА го тврдат

by А1он21/08/2018 - 15:55362
Share0

„Во отсуство на аргументи, откако министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, ги објави сите информации поврзани со годишните планови за вработување и новите вработувања во јавниот сектор, ВМРО-ДПМНЕ, денеска објавува документи кои само го потврдуваат тоа што Владата и МИОА го тврдат изминатиот период, а тоа е дека сите институции мора да ги почитуваат законите.

Добивај вести на вибер

Имено, станува збор за извадокот од записникот од владината седница, каде јасно стои дека Владата со заклучок ги обврзува сите надлежни институции, меѓу кои и МИОА, да ги почитуваат законите кои се однесуваат на доставување и прифаќање на Годишните планови за вработување.

Притисоците и уцените врз вработените во јавната администрација во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, за кои деновиве постојано слушаме во рамки на судските процеси кои се водат, се минато.

Изминатата година тоа што ја карактеризира работата на Владата и МИОА, е почитување на законите кои сега конечно важат за сите. Документите кои ВМРО-ДПМНЕ ги објавува се само потврда за тоа“, се вели во реакцијата на Министерството за информатичко општество и администрација на прес-конференцијата на Никола Мицевски.

mioa

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Катерина Ѓуровски31/01/2024 - 11:59

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on15/01/2024 - 14:01

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски07/05/2023 - 16:5508/05/2023 - 07:47

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он23/06/2022 - 20:36

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он28/12/2021 - 19:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен