МИОА: Предлозите на Шеќеринска за администрацијата се застарени

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) ја поздравува денешната прес-конференција на потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска, која неслучајно ја презема работата на опозицискиот заменик министер Кирацовски и прв пат после цела година учество на опозицијата во Министерството почна да зборува за реални теми кои ги интересираат граѓаните. Но, истовремено, укажува дека тоа што таа го најавува за шест месеци, е веќе во фаза на реализација, се вели во реакцијата на МИОА.

– Имено Министерството, со поддршка на УСАИД и експерти од катедрата за управно право на Правниот факултет во Скопје, веќе воспостави електронски Каталог на јавни услуги и внесе податоци за сите јавни услуги од областите здравство, образование, труд и социјала и транспорт. Во Каталогот, покрај потребните документи за остварување на правата на граѓаните и нивната цена на чинење, содржани се и податоци за надлежните институции кои ги издаваат овие документи, роковите за добивање на услугите, податоци за правни лекови и други релевантни податоци, стои во реакцијата на МИОА.

Воедно, од МИОА, наведуваат дека укинувањето на документите и доказите кои непотребно ги оптоваруваа процедурите го завршиле во јануари оваа година кога 169 материјални закони биле усогласени со новиот, европски Закон за општата управна постапка, додека задолжителната размена на документи по службена должност меѓу институциите била воведена уште во 2014 година, со донесување на специјален закон за оваа намена.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он