МИОА по обвинувањата од Омбудсманот: Потребни се промени во јавната администрација

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација испрати реакција на обвинувањата на Народниот правобранител, Иџет Мемети, кој рече дека партизацијата се уште преовладуваат во администрацијата и дека промените се неопходни.

Тие се согласуваат со ова обвинение на Мемети при што велат дека јавната администрација во минатото се користела како алатка за политички цели и тоа мора да се промени.

„Министерството за информатичко општество и администрација се согласува со насоките на Народниот правобранител Иџет Мемети, дека се потребни конкретни и промени во јавната администрација.

Усвоената Стратегија за реформа на јавната администрација (2018-2022), предвидува јасно дефинирани мерки и активности за целосна деполитизација, професионализација и дигитализација на јавната администрација. На овој начин ќе обезбедиме јавна администрација која е во служба на граѓаните, администрација која брзо, едноставно и евтино ќе одговори на потребите на сите граѓани.

Јавната администрација изминатиот период беше користена како алатка за остварување на политичката агенда на претходната власт. За промена на реалната состојба во тој дел, но и на прецепцијата на граѓаните потребни се долгорочни промени.

Министерстовото за информатичко општество и администрација во втората половина на 2018та година, ќе отвори широка јавна расправа за измени во Законот за административни службеници. Како што предвидуваме и во Стратегијата за реформа на јавната администрација, овие промени за кои ќе се согласни сите засегнати страни ќе се случат во текот на 2019та година.

Само на овој начин со системски пристап, со вклучување на сите засегнати страни и политичка волја ќе обезбеди квалитетни и суштински реформи во јавната администрација“ реагираат од МИОА.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он