МИОА објавува алатка за пријавување на притисок на работно место

Од:

Министерството за информатичко општество и админситрација, од денеска на својата веб страна овозможува алатка каде може да се пријави притисок на работно место. Министерството се обврзува сите пристигнати пријави да ги проследи до надлежните органи, за понатамошно постапување.

Пријавувањето е анонимно, но доколку лицето кое пријавува сака да ги сподели личните податоци, тие ќе бидат заштитетни согласно Законот за заштита на личните податоци, за што веќе се превземени соодветни технички и организациски мерки.

Согласно Законот за заштита од возменирување на работно место:

„Вработениот или лицето ангажирано со договор кое учествува во работата кај работодавачот, а кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, треба писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а со цел за решавање на спорната состојба, односно случај без поведување на постапка за заштита од вознемирување на работно место и да го предупреди дека ќе побара законска заштита ако таквото однесување веднаш не престане. Барањето за заштита од вознемирување се поднесува до одговорното лице кај работодавачот или друго овластено лице кај работодавачот.Барање може да поднесе и претставник на синдикатот, лице надлежно за работите за безбедност и здравје при работа или за управување на човечки ресурси и претставник на вработените, по писмена согласност на вработениот кој смета дека е изложен на вознемирување на работно место.“

Министерството за информатичко општество и администрација и министерот Дамјан Манчевски, ги повикуваат сите вработени во јавниот сектор, да ги пријават сите евентуални притисоци со кои се соочиле на своето работно место.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он