МИОА: Конечните кадровски решенија ќе ги имаат сите потребни квалификации

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација со писмено соопштение реагира на изјавите на Емилија Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеничката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Александрова, се обиде да ја доведе јавноста во заблуда. Во УЈП, како и во другите институции за кои стана збор на прес конференцијата на Александрова, се именувани вршители на должност. Конечните кадровски решенија, кои и да се тие личности, ќе ги имаат сите потребни квалификации согласно Законот за административни службеници.

Од исклучителна важност за државните интереси на Македонија е да дојде до итна промена на кадрите под уцена и контрола на Никола Груевски, заради кои Македонија во последниот извештај на ЕУ беше оценета како „заробена држава“, се вели во реакцијата на министерството.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он