МИОА ја објави последната верзија на предложените измени на законот за медиуми

Од:

Министерството за информатичко општество и администрација ја објавува последната верзијата на Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Предлог-Законот е резултат на добиените коментари на Единствениот национален електронски регистер (ЕНЕР), каде претходната драфт верзија беше објавена на 04.11.2017, по што сите заинтересирани страни имаа можност од 26 дена да испраќаат свои коментари и предлози.

Процесот за подготовка на Предлог-Закон за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, започна со првата јавна дискусија што се одржа на 14.јули годинава.

На 20-ти минатиот месец, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, заедно со министерот без ресор задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, ја одржаа втората јавна дискусија посветена на овој Закон.

Во изминатите неколку месеци, беа остварени голем број на средби и состаноци со сите заинтересирани страни и беа сослушани и разгледани мислењата на сите кои покажаа интерес да се вклучат во процесот на подготовка на Предлог-Законот.

Според МИОА, последната верзија што ја објавуваат пред да биде дел од владина процедура е резултат на заедничката работа на Владата и на претставниците на медиумската сфера во Македонија.

Предлог-Законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е достапен на следниот линкhttp://mioa.gov.mk/files/pdf/dokumenti/zakoni/ID_ZA_AAVMU_25122017.pdf

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он