МИОА и Хуавеи ги испраќаат најдобрите пет ИКТ студенти на студиска посета во Кина

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија Марин Тинчев и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Jин Лисјен присуствуваа на свеченото доделување ваучери на петте најдобри студенти во областа на информатички технологии и телекомуникации.

Во рамки на програмата „Huawei Seeds for the Future“, која постои од 2008 година а во Македонија се одржува по трети пат, студентите ќе престојуваат во Кина на двонеделна студиска посета, каде ќе имаат можност да ги надградат своите знаења.

Посакувајќи им успешен престој во Кина, министерот Манчевски истакна дека ова ќе биде позитивно искуство за студентите бидејќи тие ќе имаат можност да видат во пракса се што научиле за време на студиите. ИКТ струките во Македонија произведуваат квалитетни кадри, кои понатаму имаат можност да добијат вработување насекаде во светот. Сепак, министерот Манчевски им порача на студентите по завршувањето да се обидат да успеат овде, во Република Македонија.

„Ви се нуди шанса и вие да се обидете да започнете сопствена идеја, иновација, бизнис, врз основа на тоа што вие го имате како иновативна идеја. Преку младинската гаранција, низ низа мерки, преку Фондот за иновации и технолошки развој, Агенцијата за вработување, Министерството за труд и социјална политика, ви се нудат шанси како да започнете бизнис“, истакна министерот Манчевски.

Според него, Huawei е еден од технолошките лидери и еден од партнерите во Македонија затоа што тука има доста заеднички вложувања, особено во делот на образованието.

Обраќање имаше и амбасадорката на Народна Република Кина во Македонија Jин Лисјен која изрази надеж дека посетата на студентите ќе биде успешна и продуктивна, во исто време заблагодарувајќи и се на владата на Република Македонија за поддршката на програмата на Хуавеи “Seeds for the Future“.

Главниот извршен директор на Хуавеи во Македонија Марин Тинчев ја истакна важноста на центрите за обука ширум светот на Хуавеи, како центри за трансфер на знаење и зголемување на ангажираноста на луѓето во дигиталното општество.

Инаку, петте најдобри студенти ќе имаат можност да бидат сведоци во демонстрацијата на најновите ИКТ достигнувања, да учествуваат во работилници каде што ќе се сретнат со високи извршни директори и експерти од Хуавеи. Исто така ќе посетат и часови по кинески јазик, кинеско сликање и калиграфија. Сите трошоци ќе бидат покриени од Хуавеи.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он