А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МИОА: ЕК ја потврди клучната улога на апликациите како што е Стоп корона во борба со Ковид-19

by А1он07/05/2020 - 12:0207/05/2020 - 12:10332
Share0

Државите членки во Европската Унија, поддржани од Европската комисија објавија официјален документ во кој се наведени предностите и клучната важност од користењето  апликации за следење на контактите на лицата позитивни на коронавирусот, со цел навремено детектирање на потенцијално новите заразени лица, рано тестирање и спречување на ширење на вирусот.

Добивај вести на вибер

На овој начин, како што се наведува во документот, во време на пандемија уште еднаш се потврдува улогата на технологијата за побрзо враќање на нормалниот тек на живот, се наведува во соопштението на МИОА.

-Апликациите за спречување на ширење на Ковид-19, доколку се целосно во согласност со правилата на ЕУ, можат да играат клучна улога во сите фази на управување со кризата, особено кога ќе почне постепеното укинување на мерките за социјално дистанцирање. Тие можат да ги надополнат постојните анкетни листови за контактите на лицата позитивни на Ковид-19 и да помогнат во прекинувањето на синџирот на пренос на вирусот, додава МИОА.

Според комесарката за здравство и безбедност на храна, Стела Киријакидес, дигиталните алатки ќе бидат клучни за заштита на граѓани, бидејќи постепено се укинуваат мерките за седење дома.

-Апликациите за мобилни телефони можат да нè предупредат за ризиците од инфекција и да им помогнат на здраствените за да ги пробијат ланците на пренос. Треба да бидеме посветени, креативни и флексибилни во нашиот пристап за повторно да ги отвориме нашите држави. Треба да продолжиме да ја намалуваме кривата – и да ја задржиме надолу. Без безбедни и соодветни дигитални технологии, нашиот пристап нема да биде ефикасен, Киријадикес.

-Северна Македонија, во контекст на препораките на Европската комисија, е една од првите држави кои изработија мобилна апликација за спречување на ширењето на Ковид-19, согласно сите стандарди за заштита на приватноста на граѓаните. Апликацијата Стоп корона е достапна на: https://stop.koronavirus.gov.mk/, се додава во соопштението на МИОА.

mioa

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Катерина Ѓуровски31/01/2024 - 11:59

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on15/01/2024 - 14:01

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on25/12/2023 - 12:57

Алиу: Конечен став за забраната на Тик-Ток по координација со правосудните, образовните и безбедносните институции

Горан Наумовски07/05/2023 - 16:5508/05/2023 - 07:47

Почнаа преговорите за решавање на проблемите на регионалните и локалните радиодифузери

А1он23/06/2022 - 20:36

МИОА: Нови алатки во процесите за дигитална трансформација на општеството

А1он28/12/2021 - 19:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен