МИОА: Целосно спроведени 27 од 72 активности за реформа на администрацијата

Од:

Од 72 активности предвидени со Стратегијата за реформи на администрацијата и Акцискиот план (2018-2022) за правата половина од годината целосно се спроведени 27, во тек е спроведување на 36, а девет активности не се почнати или доцнат, покажува денеска презентираниот Прв полугодишен извештај за спроведување на Стратегијата на Министерството за информатичко општество и администрација.

Од четирите приориотени области од Стратегијата, во делот „креирање политики и координација“ целосно се спроведени 12 активности, а десет се во тек на спроведување, а три активности биле целосно спроведени во приоритетната област „јавна служба и управување со човечки ресурси“.

– Во областа „одговорност, отчетност и транспарентност“ целосно биле спроведени седум активности, три биле во процес на спроведување, а една доцнела со реалзиација, додека во приоритето „давање услуги и ИКТ поддршка на администрацијата“ пет активности биле цеосно спроведени, 23 биле во процес на спроевдување, а осум доценеле во спроведување, информира Марија Николоска Арсовска од МИОА.

Мирјана Мирчевска од Фондацијата Отворено општество – Македонија, кои го мониторираат спроведувањето на планираните активности, меѓу останатото, наведе дека помеѓу институциите има недостаток на координација и меѓусебна неинформираност. Показател за тоа, како што рече, е тоа што 22 проценти односно 65 барања биле препратени од институцијата која иницијално ја адресирале до друга институција.

– За администрацијата повеќе не е проблем молчењето на администрацијата, туку да се добие содржински и суштински одговор, затоа што често добиваме парцијални информации по што мораве да праќаме дополнителни барања за појаснување, рече Мирчевскла, навеудвајќи пример дека најголем проблем да се обезбеди суштински одговор имале од Генералниот секретаријат, каде имало ист одговор за сите активности за кои се обратиле.

Како што информираше заменик министерот за информатичко општество и администрација Александар Бајдевски, нотирана мерка во стратегијата на која активно се работи е деполитизација на администрацијата. Тоа ќе се прави преку зајакната примена на начелата на заслуги, еднакви можности и професионализација на високите раководни позиции, дефиниран и регулиран систем и воспоставен систем за професионален развој на службениците. Во тој контекст е и подготовката на законот за висока раководна служба каде првпат се дефинираат јасни критериуми за избор на високите раководни позиции.

– Деполитизација и професионализација на администрацијатане не е само барање на сите меѓународни организации како клучна мерка во процесот на пристапување во ЕУ, туку е наша обврска кон граѓаните, рече Бајдевски.

Стратегијата, дополни, се осврнува и на давањето услуги и ИКТ поддршка на администрацијата затоа што нејзината реформа е невозможна без дигитализацијата. Поради тоа се предвидени цели за инвестирање во развој на дигитална средина, зголемен квалитет и достапност до јавните услуги и корисење на е-услуги.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација

ЕСМ: Вработуваме затоа што за три години останавме без 1190 вработени

A1on

Протест на вработените во судска администрација, поддршка добија од претседателот на Судскиот совет

Предраг Петровиќ