Минусни утрински температури, а сончево и до 16 степени преку денот

Од:

Времето во Македонија ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од осум до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до 10 степени.

Во наредните два дена ќе преовладува сончево време со студени утра, а преку денот ќе биде потопло. Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови.

Во недела, особено претпладне се уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 метри надморска височина врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски