Миновски: СЈО нема ниту П од професионализам

Од:

Кирил Миновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференција говореше за СЈО и Катица Јанева. Еве што кажа Миновски:

Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу професионалното и законско работење или помагањето и прикривањето на криминалот на нејзиниот штитеник Зоран Заев. Катица Јанева се определи за Зоран Заев.

Катица Јанева во случајот „Пуч“ можеше да избира помеѓу застапување на доказите обезбедени преку признанието на сега осудениот Ѕвонко Костовски, скајп комуникацијата и писмото од Заев до Верушевски или да премине на другата страна и по втор пат да аболицира лице кое во минатото стори и други кривични дела. Катица Јанева се откажа од правото и правдата и се определи за Заев.

Катица Јанева и СЈО можеа да избираат помеѓу одговорноста за тоа за кое што се избрани и платени или целосно влегување во политичките игри на СДСМ и ставање во функција на аболицираниот Зоран Заев. Катица Јанева и СЈО одлучија да одиграат пристрасно и политички.

Во предметот „Пуч“ има бројни докази. Го знае тоа и Катица Јанева и Зоран Заев. Го знае тоа и обвинителството за гонење дела од областа на организираниот криминал и советот кој одлучуваше за правосилност на обвинението. Зоран Заев е загазен во криминал и во судска постапка ќе се докажеше обвинението. Затоа Катица Јанева одлучи да се повлече и да го брани криминалот. Во спротивно самиот Заев ќе бараше во судска постапка да се докаже неговата невиност.

Специјалното јавно обвинителство е политички инструмент на СДСМ. СЈО нема ниту П од професионализам, а непристрасното постапување за нив е непозната именка.

СЈО не е дораснато на задачата заради која е формирано и самото ја поништи основната причина за негово постоење.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов