Миноски на средби со граѓани во Гостивар

Од:

Министерот за финасии Кирил Миноски денеска во Гостивар се сретна со претставниците од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, а оствари и неколку средби со граѓани, на кои истакна дека во фокус на програмата е ставен економскиот развој и креирањето нови работни места со поттикнување на инвестиции.

На средбите, Миноски ги запозна сопартијците и граѓаните со досега реализираните проекти, но и за работите кои се планирани за следниот период и со дел од новата програма со која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја побара довербата на претстојните избори.

Тој во разговорорите ги истакна главните приоритети на новата програма.

– Централно во оваа програма, како и на претходните е да се создавање на на услови за подостоинствен живот и повисок стандард на граѓаните. Тоа ќе се постигне со програмата во чиј фокус е ставен економскиот развој и креирањето на на нови работни места, на поттикнувањето на инвестициите, како на странските, така и на домашните инвестиции. Исто така ќе се преземат и низа чекори и структурни реформи со кои ќе се поттикне економскиот раст и да се искреираат повеќе работни места, рече Миноски.

Нагласи дека подобрувањето на деловното опкружување, и како што рече, преземање на низа други мерки, преку кои ќе се поттикнат развојот на малите и средните претпријатија, развојот на иновациите кај малите и средни претпријатија.

Миноски ги информира граѓаните дека продолжуваат и мерките за помош на земјоделците.

– Во делот на земјоделието продолжуваме со нашите активности, во кои, приоритет ќе ни биде креирањето на мерки со кои што ќе се стимулира модерното земјоделско производство. На тој начин ќе се обезбедат поголеми приноси и посовремени методи на работа со што ќе се обезбедат поголеми средства за самите земјоделци. Продолжуваме со привлекување на странски инвестиции, а ќе се обидеме и во овој крај да донесеме што е можно повеќе странски инвеститори. Миноски нагласи дека во програмата на партијата, предвидени се и довршувањето на коридорите 8 и 10 од кои се очекува да овозможат услови за поголем економски раст, додаде Миноски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место