Министрите за надворешни работи на Шведска и на Финска следната недела во посета на Белград, Приштина и Скопје

Од:

Министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, Тимо Соини и Маргот Валстром, ќе престојуваат следната недела – од 9 до 11 октомври – во заедничка посета на Србија, Косово и Македонија.

Пред посетата, финското МНР соопшти дека двете држави поддржуваат европски интеграции на Западен Балкан и истакнуваат значење на регионалната соработка и добрите соседски односи.

За време на посетите во Белград ќе разговараат со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и шефот на дипломатијата Ивица Дачиќ. Идејата за заедничка посета укажува на блиски врски меѓу Финска и Шведска, наведуваат од финското МНР.

Во Приштина тие ќе разговараат со министерот за надворешни работи Беџет Пацоли и ќе присуствуваат на заеднички проект чија цел е унапредување на администрацијата во затворите.

Двајцата министри ќе ја посетат и Македонија каде ќе имаат состаноци со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Би можело да ве интересира

Украина пронајде уште еден партнер за моќно оружје

Горан Наумовски

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он

Нинисто: Русија нема да го нападне НАТО

Шведска го прогласи рударството за национален интерес, Македонија сè уште не го користи својот потенцијал

Хелсинки може да стане подземен воен град за 72 часа

Финскиот премиер го брани Кошта: Добро е да се разговара со Русија