Министерството за животна средина: Временските услови се поволни за воздухот, но подготвеноста за итни мерки треба да биде на највисоко ниво

Од:

„Министерството за животна средина и просторно планирање редовно и на дневна основа ги следи состојбите кои влијаат на квалитетот на воздухот и на здравјето на граѓаните.

Иако според информацијата на Управата за хидрометеоролошки работи временската прогноза овие денови ќе биде поволна, апелираме до институциите да бидат подготвени во случај на надминување на прагот на дозволени гранични вредности на ПМ честитки во воздухот.

Единиците на локалната самоуправа да бидат подготвени за намалување на цената на билетот на градскиот превоз или за обезбедување бесплатен билет, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз.
Да се интерезивира дневното чистење на улиците и пешачките површини и да се зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Министерството ги потсетува градежните компании дека имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), и дека имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да ги пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Истовремено, на граѓаните им препорачуваме да не ги користат возилата без потреба и повеќе да користат јавен превоз. За затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми и каков било синтетички материјал. Да се користи суво и чисто дрво без примеси од земја и од отпадоци, а печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот и редовно да се чистат оџаците.

Во случај на надминување на прагот, да се ограничат движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма, преживеан инфаркт на миокардот или мозочен удар), но и за лицата кои својот професионален ангажман го обавуваат на отворен простор во загадените зони на градот.

Истовремено, Државниот инспекторат животна средина согласно своите надлежности да ги интензивира инспекциските надзори над почитување на законските одредби и доколку констатира неправилности при работењето од нивна надлежност да преземе соодветни мерки.

Во рамки на следењето на состојбата и преземањето итни мерки против загадувањето, во следните денови, интензивни работни средби ќе одржуваат интер-ресорската група за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање, како и Интервентната акциска група составена од претставници на кабинетот на премиерот, Министерството и Градот Скопје“, се вели во соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари