Министерството за животна средина: Од 1 јануари стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дефинирани како „Производител” дека од 1 јануари 2023 година стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад. Овој закон важи за производителите на текстил, гуми, масла и возила, заедно со нивните вградени делови и материјали, како и вградените резервни и заменски делови, независно дали се вградуваат во возилото при техничка проверка, сервисирање или поправка, дали деловите се обезбедени од оригиналниот производител или од некој друг производител, како и употребувани производи и отпад од текстил, гуми, масла и возила.

Со тоа,  обврска на производителите е да се регистрираат согласно Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад („Сл. весник на РСМ“ бр.215/2021) со пополнување на обрасците за регистрација (на македонски јазик и двојазично, МК и АЛБ, на следниот линк: www.moepp.gov.mk/Национално законодавство/ПРОШИРЕНА ОДГОВОРНОСТ НА ПРОИЗВОДИТЕЛОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД/ПОДЗАКОНСКИ АКТ.

 Производителите согласно со обврските од овој Закон, се должни да се здружат преку основање и/или склучување на договор со колективен постапувач или да обезбедат дозвола за самостојни постапувачи најдоцна до 31 декември 2023 година.

   Во Законот за управување со дополнителни посебни текови на отпад е вклучено секое правно лице или физичко лице кое без оглед на начинот на којшто врши продажба, вклучувајќи ја и продажбата со помош на комуникација на далечина која е уредена со прописите за заштита на потрошувачите, и тоа правни и физички лица коишто произведуваат производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија или на професионална основа, заради вршење на својата дејност, увезуваат во Република Северна Македонија и прв пат ги пуштаат на пазарот или како краен корисник, за свои потреби, увезуваат производи или на професионална основа увезуваат употребувани производи и за прв пат ги пуштаат на пазарот во Република Северна Македонија.

 Овој закон се однесува и за правните лица основани во друга земја, а коишто продаваат со помош на комуникација на далечина директно на крајните корисници во Република Северна Македонија.

Министерството за животна средина и просторно планирање ги информира сите правни и физички лица дека за „производител“ се смета и правно лице кое протектира отпадни гуми и ги пушта на пазарот во Република Северна Македонија.

Со поднесеното барање од Прилог 1 се поднесува и:

  • копија од Тековната Сметка издадена од Централен Регистар на Република Сверна

Македонија,

  • уплатница од 50 денари за административна такса (за секое поднесено барање за регистрација),

Жиро сметките може да се превземат од следниот линк:

www.moepp.gov.mk  / Сервиси / Жиро сметки/Жиро сметка за административна такса за барање за регистрација на производителите

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари