Министерство за животна средина: Обезбедени 50 милиони евра за подобрување на водната инфраструктура во општините

Од:

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Европската инвестициона банка (ЕИБ) по Финансискиот договор за Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија, во висина од 50 милиони евра.

Со обезбедените финансиски средства од заемот кај ЕИБ, ќе продолжи поддршката за сите општини за воспоставување на основната инфраструктура за обезбедување на чиста вода за сите жители во државата, а реализацијата на проекти ќе се изврши од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, велат од МЖСПП.

Проектот за подобрување на водната инфраструктура на општините во Северна Македонија во себе опфаќа: рехабилитација, модернизација и проширување/изградба на инфраструктурата за водоснабдување, инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави, како и за набавка на специјализирана опрема за одржување, се додава во соопштението на МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари