Министерство за животна средина: И градот Охрид добива мониторинг станица за квалитет на воздухот

Од:

Екипaта на Министерството за животна средина и просторно планирње започна со поставување на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во грaдот Охрид.

Станицата се поставува на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“. Со ваквата поставеност на мониторинг станицата, загадувањето на амбиентниот воздух во Општина Охрид би се мониторирал од аспект на загадувањето од согорување на горива за затоплување на резиденцијални и административни установи, особено поради доминантниот правец на ветерот од северната страна на Охрид, со вклучен удел од сообраќајот, поради близината на булеварот Туристичка, велат од Министерството за животна средина и просторно планирње.

Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање што во моментот брои 21 мерна станица и една мобилна, секоја со по шест инструменти за следење на различни параметри.

Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството. Се очекува најдоцна до средина на ноември мерната станица да биде тестирана и комплетно функционална.

Надградувањето на Државниот мониторинг систем, негово проширување со нови мерни станици и мерни инструменти, како и пристап до информациите од мерењата преку веб страницата на МЖСПП е во согласност со главните стратешки определби и обезбедување континуиран пристап до информации за животната средина, соопштува Министерството за животна средина и просторно планирње.

Би можело да ве интересира

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Министерството за животна средина: Од 1 јануари стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Ана Ололовска

Нуредини: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Ана Ололовска

Се истражува загаденоста на Пеленица

Ана Ололовска

МЖСПП: Ќе се изработува стратегија за идентификација на локација контаминирана со жива и ќе се тестира во ОХИС

Ана Ололовска

Нуредини: Кањонот Матка како заштитено подрачје има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

Ана Ололовска