Министерство за животна средина: И градот Охрид добива мониторинг станица за квалитет на воздухот

Од:

Екипaта на Министерството за животна средина и просторно планирње започна со поставување на новата автоматска мониторинг станица за следење на квалитетот на амбиентниот воздух во грaдот Охрид.

Станицата се поставува на булевар „Туристичка“ во непосредна близина на спортскиот центар „Климент Колески“. Со ваквата поставеност на мониторинг станицата, загадувањето на амбиентниот воздух во Општина Охрид би се мониторирал од аспект на загадувањето од согорување на горива за затоплување на резиденцијални и административни установи, особено поради доминантниот правец на ветерот од северната страна на Охрид, со вклучен удел од сообраќајот, поради близината на булеварот Туристичка, велат од Министерството за животна средина и просторно планирње.

Мониторинг станицата ќе биде дел од државната мрежа за мониторинг на квалитетот на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање што во моментот брои 21 мерна станица и една мобилна, секоја со по шест инструменти за следење на различни параметри.

Вредноста на мониторинг станицата е околу 100.000 евра, а средствата се обезбедени од буџетот на Министерството. Се очекува најдоцна до средина на ноември мерната станица да биде тестирана и комплетно функционална.

Надградувањето на Државниот мониторинг систем, негово проширување со нови мерни станици и мерни инструменти, како и пристап до информациите од мерењата преку веб страницата на МЖСПП е во согласност со главните стратешки определби и обезбедување континуиран пристап до информации за животната средина, соопштува Министерството за животна средина и просторно планирње.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари