Министерство за култура: Празникот не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава

Од:

Министерството за култура упати честитка до граѓаните по повод еден од најзначајните празници, чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката.

– Илинден претставува голем македонски национален празник, кој неосмнено има посебно значење за историјата на македонскиот народ. Не само заради важните датуми од историјата кога на 2 август 1903 година започнало Илинденското востание, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ, туку овој празик е вечно потсетување на она што го имаме и што го живееме денеска. Овој празник не потсетува на историската борба и вечниот стремеж на македонскиот народ за слобода и самостојна држава, и на сите оние кои со своето дело и подвизи трајно се вградиле во овој чин, стои во честитката.

Овој ден, се посочува во честитката, е уште еден повод за благодарност, за тоа што денеска живееме во современа, независна и меѓународно признаена држава, но и потсетување да продложиме во мир и заедништво да ја градиме државата во духот на европските вредности.

Би можело да ве интересира

Распишан конкурсот за доделување на државната награда „Свети Климент Охридски“

Седумнаесет години од бродската несреќа на Охридското Езеро

Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици

A1on

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он