Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки денеска оствари средба со амбасадорот на Велика Британија во Република Македонија Чарлс Гарет.
Како што соопшти Министерството, на средбата беа разменети информации за досегашната добра соработка помеѓу Македонија и Велика Британија во областа на заштитата на животната средина.
Се дискутирало и за резултатите од досега реализираните проекти и програми меѓу двете држави и беа утврдени конкретните области каде постои можност за продлабочување на идната соработка.