Министерот за внатрешни работи во посета на Штип

Од:

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу денеска во Штип оствари средба со граѓани и ја посети џамијата во центарот на градот.

Посетата се реализира во рамки на проектот „Како сте“ што го спроведува Министерството за внатрешни работи.

– Продолжуваме со проектот „Како сте“ и ги прашуваме граѓаните за проблемите коишто произлегуваат од делокругот на Министерството за внатрешни работи. Полицијата мора да ги остварува предметните надлежности, но тие мора да бидат во симетрична линија со суштинските стандарди и токму затоа сум тука за да ја пренесам пораката дека Министерството за внатрешни работи ќе биде секогаш отворено за соработка, изјави министерот Нухиу.

Според граѓаните, ваквите средби е пожелно почесто да се случуваат со цел отворено да се разговара.

Ова е прва средба на министерот Нухиу со граѓаните на Штип.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он