Министерот Ристовски ја посети општина Крива Паланка

Од:

Министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска во рамки работниот престој во Крива Паланка, го посети ООУ „Илинден“, каде во училишната библиотека беа доставени 201 книга во рамки на проектот на Владата и Министерството за култура „Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.

– Со донацијата на овие светски бестселери и нобеловци во основните училишта се доближува врвната светска литература до учениците и наставниците. Ова уште еднаш ги потврдува заложбите на Владата и Министерството за образование за подигнување на нивото на воспитно-образовниот процес во Македонија, изјави Ристовски.

По обиколката на училиштето министерот истакна дека ООУ „Илинден“ е едно од неколкуте основни училишта во регионот со исклучително високи структурни стандарди.

– Благодарни сме што МОН континуирано ги поддржува заложбите за развој и унапредување на наставниот процес во прилог на реформите на образованието кои ги имплементираме со нашата заедничка соработка. Минатата учебна година добивме и електронска табла од Министерството која придонесува за реализација на посовремена настава, изјави директорот на ООУ „Илинден, Оливер Дејановски.

Ристовски се сретна и со градоначалникот на општина Крива Паланка, Арсенчо Алексовски, со претставници од раководните сектори од општината како и со раководители на повеќе јавни установи од градот.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Крива Паланка да не се амнестира од проблемот со кравите, реагира АХВ

Уапсена е краварката од Крива Паланка по нарушување на јавниот ред

Горан Наумовски

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

„Сусурига 2026“ го оживеа културното наследство по повод празникот Прочка

А1он

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски