Министерот Манчевски го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“

Од:

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, денеска го отвори настанот „Нокиа ден во Македонија“, во организација на Нокиа и овластениот партнер за Македонија, ИЦС- Консалтинг Инженеринг.

Во своето обраќање министерот Манчевски се осврна на активностите на кои во моментов работи министерството за информатичко општество и администрација и Владата, со цел дигитализација на Македонија, односно дигитализација на услугите, отворање на податоците со цел зголемување на транспарентноста, но и отворање на нови иновативни бизниси, како и гарантирање на безбедноста во тие процеси.

„Тука пред се мислам на Националниот портал за е-услуги и проектот за електронски идентитет на граѓаните. Во финална фаза сме на инсталација на опремата и софтверот за Електронскиот регистар на население. Тој е основата на новиот портал за е-услуги. Ова претставува платформа за креирање на електронскиот идентитет на граѓаните. Резултатите од се тоа на што работевме изминатиот период ќе бидат многу видливи за граѓаните од почетокот на 2019 година, кога регистарот и порталот ќе бидат пуштени во употреба“, истакна министерот Манчевски.

Како што посочи тој, до крајот на оваа година во употреба ќе биде пуштен и порталот за отворени податоци.

„Отворените податоци можат да бидат силен поттик за социјален и економски развој. Тие може да се искористат и за подобрување на управувањето преку зголемување на транспарентноста, отвореноста, интегритетот и јавното учество во централната и локалната власт. Ова ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор. Ќе го зголеми учеството на граѓаните. Особено треба да се нагласи дека директно позитивно ќе влијае во напорите за борба против корупцијата. Со малку иновативност, отворените податоци даваат можност за отворање и на нови бизниси. Оваа можност сум сигурен дека ќе биде искористена и од Нокиа“, рече Манчевски.

Во своето обраќање тој се осврна и обврската Владата да им ја гарантира сајбер безбедноста на граѓаните, при користење на услугите по електронски пат.

„Секој субјект кој е на интернет, се соочува со два проблеми. Првиот е брзината на сајбер-заканите, нивната експанзија и развој на нивните тактики. Вториот е немањето на квалификувани поединци потребни за да ги предвидат слабостите и да ја зачуваат безбедноста. Ова брзо менување на технологијата, ги остава ИТ професионалците без напредни вештини потребни за да ги заштитат своите компании.

Со цел да се справи со овие проблеми, МИОА во соработка со МО и МВР, за првпат усвои Стратегијата за сајбер безбедност. Акцискиот план за истата ќе биде усвоен веќе наредната недела“, информираше министерот.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on