Министерот Лутфиу на одбележување на Денот на учителот

Од:

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу денеска присуствуваше на одбележувањето на 7 Март-Денот на учителот и на 130-годишнината на првата албанска школа на Универзитетот „Мајка Тереза“.

– Кога се потсетуваме на 7 март 1887 година, се потсетуваме на првото училиште на албански јазик во градот Корча во Албанија. Отворањето на првото албанско училиште во Корча беше историски момент и голема победа за албанскиот народ затоа што дотогаш наставата се изведуваше во тајност во приватни домови. Во спомен на овој настан 7 Март се одбележува како Ден на учителот, истакна Лутфиу.

Нашиот предизвик, како што рече, е да обезбедиме квалитет во образованието, како неопходност во контекст на интеграција и достигнување на европските стандарди.

Тој им го честита 7 Март на сите наставници, професори и педагози.

Ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азис Положани истакна дека Универзитетот е продукт на повеќегодишни напори на сите генерации за високо образование и за подобар живот. Појасни дека обезбедиле простории за настава пред да преминат во новиот објект.

Посочи дека во зградата на ССМ се прошириле со уште еден кат.

– Таму имаме три ката, што е сосема доволно, имајќи ја предвид природата на нашите студиски програми во мали групи. Имаме настава и во Универзитетот Југоисточна Европа, каде продолжува една студиска програма. Имаме простории и во основното училиште „Битолски конгрес“, рече Положани и додаде дека тоа е доволно за две до три години.

Најави дека инвестираат и во лаборатории, кои како што рече, ќе бидат стандардизирани според потребите.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

Затворени се 26 рурални училишта, во основно образование има 200, а во средно 100 паралелки помалку

Катерина Ѓуровски

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет