Министерот Лога се сретна со шефот на Обвинителството за организиран криминал за предметот за модуларната болница

Од:

Постапката која е во тек во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, била една од темите на разговор на денешната средба на министерот за правда Кренар Лога и шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази.

-На средбата меѓудругото се разговараше за постапката која е во тек во ова Обвинителство во врска со тендерот за набавка на модуларните болници, во рамките на која се преземаат дејствија со цел испитување на сите околности, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Лога и Абази дискутирале и за новата Стратегија за развој на правосудниот систем 2023-2027, како и реформите кои ќе бидат опфатени со неа.

Јавниот обвинител Абази, како што соопшти Министерството за правда, го информирал министерот Лога дека е финализирана последната јавна набавка за уредување на новиот објект во кој наскоро ќе се пресели Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

-Во овој објект значително ќе бидат подобрени просторните услови за работа на јавните обвинители, а ќе биде опремена и современа форензичка лабараторија која значително ќе го олесни вештачењето на доказите, истакнал Абази.

Координативни средби, како што е наведено во соопштението од Министерството за правда, ќе продолжат да се одржуваат и во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Ленче Ристоска именувана за јавен обвинител за врски со Европравда

Катерина Ѓуровски

Лога во Анкара ќе бара информации што треба дополнително да се направи за екстрадиција на Палевски

Катерина Ѓуровски

И да ни се разделат патиштата да се разделиме како цивилизирани и семејни луѓе – Лога по хаосот во Алијанса

Орце Костов

Левица: Министерот Лога предлага закони кои ја рушат унитарноста на републиката

Пет приоритетни области вклучени во Развојната секторска стратегија за правосудството 2024-2028

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он