Министерот Фазлиу со претставничката на УНДП Винтон на Форум за лицата со посебни потреби

Од:

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу денеска оствари средба со постојаната претставничка на УНДП во Република Македонија, Луиза Винтон.

На средбата се разговараше за приоритетите на Министерството што произлегуваат од Програмата на новата Влада, како и за подготвеноста на УНДП за поддршка на проектите за подобро управување на локално ниво.

Министерот Фазлиу и претставничката на УНДП Луиза Винтон учествуваа на отворањето на Форумот за подобрување на услугите за лицата со посебни потреби.

– Сите граѓани имаат право на воедначени јавни услуги. Институциите постојат за да ги обезбедат тие услови. Сегашната јасно изразена огромна разлика во капацитетите на општините не гарантира еднаков пристап на граѓаните кон образование, здравство, инфраструктура или административни услуги.
Нашите сограѓани со посебни потреби имаат потреба од еднакви можности за пристап до јавните услуги. Ниту повеќе ниту помалку, туку еднакво како и сите други. Тоа значи дека е потребна поголема свесност за нивните потреби која ќе ја пстигнеме само со нивно вклучување во сите јавни сфери на живеење, рече министерот Фазлиу.

Форумот е организиран од страна на УНДП со учество на невладини организации и претставници на општините.

Би можело да ве интересира

УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија

Битиќи-Сахакјан: Плодната соработка помеѓу Владата и УНДП вроди со многу успешни проекти

А1он

РСС и УНДП ќе ја засилуваат позицијата на жените на Балканот

Ана Ололовска

УНДП повикува на воведување привремен основен приход за 2,7 милијарди луѓе

Ана Ололовска

УНДП бара досега невидена поддршка за справување со Ковид-19 во ранливите земји

А1он

УНДП: Приближно 90 отсто од светската популација има предрасуди кон жените

А1он