РСС и УНДП ќе ја засилуваат позицијата на жените на Балканот

Од:

Регионалниот совет за соработка (РСС) и Развојната програма на ООН (УНДП), ја покренуваат иницијативата „Економско зајакнување на жените: Подрачја за заедничко дејствување на Западен Балкан“, со крајна цел да се унапреди соработката на различните актери и да се потпомогне систематската промена во решавање на родовите нееднаквости.

Како што се наведува во соопштението на РСС, околу 40 отсто од сите вработени на Западен Балкан се жени, но околу 23 отсто од нив немаат сигурна работа. Само 27,5 отсто сопственички на стопански субјекти се жени, а само 14,2 отсто се во раководствата на компаниите.

Уделот на жените во науката, технологијата, инженерството и математиката е 14 отсто поради разни родови стереотипи и разликите во платите што ги спречува жените да се решат за образование во овие подрачја.

– Главната цел на иницијативата на РСС и на УНДП е да се поттикнат реформи со кои ќе се зголеми учеството и водството на жените во стопанството што би довело до намалување на родовите разлики и поголем развој на државите на Западен Балкан до 20 отсто од БДП, наведуваат од РСС.

Стартот на иницијативата ќе биде означен утре попладне со интернет состанок на организаторите и претставници од Западен Балкан, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

УНДП: Над 71 милион луѓе во светот се соочуваат со сиромаштија

Битиќи-Сахакјан: Плодната соработка помеѓу Владата и УНДП вроди со многу успешни проекти

А1он

УНДП повикува на воведување привремен основен приход за 2,7 милијарди луѓе

Ана Ололовска

УНДП бара досега невидена поддршка за справување со Ковид-19 во ранливите земји

А1он

УНДП: Приближно 90 отсто од светската популација има предрасуди кон жените

А1он

РСС бара од ЕУ веднаш да одреди датум за преговори за Северна Македонија и Албанија