Министерот Џафери на „SOFEX 2014“ во Аман, Јордан

Од:

Делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија, предводена од министерот Талат Џафери од вчера учествува на неколкудневната конференција и саем на единици за специјална намена „SOFEX 2014“ која се одржува во главниот град на Јордан, Аман.

„SOFEX 2014“, соопшти денеска МО, вклучува низа настани предводени од конференцијата на која учествуваат проминентни личности од сферата на одбраната и безбедноста, вклучувајќи министри за одбрана, началници на Генералштабови, команданти на сили за специјални операции и челници на политички директорати.

На саемот ќе се претстават поголем број мали, средни, но и интернационални производители кои ќе извршат демонстрација на најновата опрема и технологии.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Русија распореди три „прстени“ за воздушна одбрана за да ја заштити Москва

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд