Министерот Дураку на Собрание на Глобалниот фонд за животна средина во Виетнам

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки учествува на 54. состанок на Советот и 6. Собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ) што се одржуваат во Да Нанг, Виетнам од 23 до 29 јуни.

Од ресорното Министерство денеска информираат дека на состанокот на Советот, што се одржал од 24 до 26 јуни, се разговарало за постигнувањата во изминатите четири години, како што се стапувањето во сила на Минамата конвенцијата, Договорот од Париз, прогресот во рамки на конвенциите за биолошка разновидност, како и целите за одржлив развој.

Одобрена била и програмата за седмиот циклус на Глобалниот фонд за животна средина и потврдена финансиската рамка од 4.1 билиони долари за исполнување на глобалните цели во заштита на животната средина. Најдоцна до почетокот на јули годинава треба да бидат официјално соопштени националните алокации на средства за реализација на обврските кон трите Рио конвенции во следниот четиригодишен период.

Шестото собрание на Глобалниот фонд за животна средина (ГЕФ), основано за да помогне во справувањето со најголемите еколошки проблеми на планетата, се одржува денеска и утре, а министерот Дураку ќе се обрати на пленарната сесија на отворањето и ќе учествува на тркалезната маса „Поставување на целите за постигнување на неутралност на деградација на земјиштето во Република Македонија“.

На Собранието на Глобалниот фонд за животна средина учествуваат министри и високи претставници на 183 држави, невладини организации, бизнис лидери, како и претставници на агенциите на Обединетите нации.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари