Министерот Дураки се сретна со постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон

Од:

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки деенска имаше работна средба со постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.

– На состанокот, уште еднаш се потврди добрата соработка што Министерството ја има со Програмата за развој на Обединетите Нации во Република Македонија која во изминативе години вроди со видни резултати, соопшти Министерствот за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).

Министерството за животна средина и просторно планирање, според министерот Дураки, во агенциите на ОН гледа стратешки партнер во остварување на заедничките приоритети во заштитата на животната средина.

Посебно беше потенцирана добрата соработка остварена во областа на заштитата на речните и езерските водни токови, во управувањето со ризици од катастрофи, во справувањето со климатските промени и во делот на заштитата и подоброто управување со природните ресурси.

Од средбата, како заеднички произлезе ставот дека ваквата соработка треба да продолжи и да се продлабочи во наредниот период, соопшти МЖСПП.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

A1on

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

A1on

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

A1on

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

A1on

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари